Диктат за Windows и Android · Македонски и англиски

Зборувај. Дикто пишува наместо тебе.

Диктирај на македонски или англиски на Windows и Android — точниот текст веднаш се појавува таму каде што пишуваш. Пишуваш до ChatGPT, Claude или Cursor цел ден? Кажи го тоа за триесет секунди наместо да го куцаш пет минути.

Бесплатно · Со твој ElevenLabs API клуч

Направено за македонскиот јазик — и за луѓето што пишуваат по цел ден.

побрзо од пишување
~150
збора во минута со глас
2
јазика · еден прекинувач
<1 сек
од глас до текст

Зошто Дикто

Помалку куцање. Повеќе завршена работа.

До 3× побрзо од пишување

Зборуваш многу побрзо отколку што пишуваш. Дикто ти го враќа тоа време.

Совршена кирилица

Обучено за македонски. Точни зборови, интерпункција и голем почеток на реченицата. А кажеш ли „Claude“, „deadline“ или цела реченица на англиски — ја разбира и неа.

Работи насекаде

На Windows и Android — во секое поле каде што пишуваш.

Приватно и тивко

Снима само додека ти зборуваш. Инаку — само чека во позадина.

За кого е

Ако зборуваш повеќе отколку што стигнуваш да напишеш.

Лекари

Диктирај наоди и извештаи меѓу двајца пациенти.

Правници

Договори и поднесоци, изговорени наместо искуцани.

Новинари

Претвори интервју во текст додека мислата е свежа.

Студенти

Белешки и семинарски, побрзо од секое куцање.

Како работи

Од глас до текст за помалку од секунда.

1

Избери јазик

Македонски или English — со едно тапнување.

2

Притисни го копчето или кратенката

Задржи додека зборуваш, или тапни за старт и стоп — на компјутер или телефон.

3

Текстот се појавува сам

Таму каде што пишуваш — без копирање, без лепење.

Цена

Почни бесплатно. Избери што ти одговара.

Дикто е бесплатен со твој ElevenLabs API клуч. Премиум, без потреба од сопствен клуч, доаѓа подоцна.

Бесплатно Достапно сега
0 ден.

Целата апликација, со твој API клуч.

  • Неограничено диктирање со твој ElevenLabs API клуч
  • Македонски и англиски
  • Windows и Android
  • Двата режима на активирање
  • Историја на диктати
Преземи бесплатно

Ти треба само бесплатна ElevenLabs сметка — види го водичот.

Премиум — наскоро Во подготовка
Сè вклучено

Hosted препознавање, без твој API клуч.

  • Ќе работи без сопствен ElevenLabs API клуч
  • Препознавањето ќе биде целосно вклучено
  • Ќе ги содржи сите можности од бесплатниот план
  • Ќе биде достапен како едноставен месечен план

Повеќе детали ќе објавиме кога планот ќе биде подготвен.

Бесплатна апликација Windows и Android Твој ElevenLabs API клуч

Прашања

Сѐ што сакаш да знаеш.

Дали работи офлајн?
Не. За обработка на говорот е потребна интернет-врска.
Дали ме слуша постојано?
Не. Дикто снима само додека ја држиш или си ја вклучил кратенката. Инаку ништо не се слуша.
Во кои апликации работи?
На Windows работи во секое поле за текст — Word, Gmail, Chrome, Viber, Excel и слично. На Android можеш да диктираш од апликацијата или преку лебдечкото копче.
Можам ли да менувам јазик?
Да. Со едно тапнување префрлаш помеѓу македонски и англиски. А и не мораш секогаш — и на македонски режим, англиските зборови среде реченица („Claude“, „meeting“, технички термини) се препознаваат сами. Дури и ако среде диктирање целосно преминеш на англиски, Дикто те следи — без да смениш ништо.
Дали е добро за работа со AI алатки?
Идеално. Диктирај долги пораки до ChatGPT, Claude или било кој AI асистент — на македонски, на англиски или мешано, како што ти доаѓа природно. Наместо да куцаш пет минути, кажи го тоа за триесет секунди.
Колку чини Дикто?
Апликацијата е бесплатна. Плаќаш само за користењето на ElevenLabs според нивниот ценовник, а имаат и бесплатен план.
Што е ElevenLabs API клуч и како да го добијам?
Тоа е личен клуч што ја поврзува Дикто со твојата ElevenLabs сметка за препознавање на говорот. Ќе го добиеш за неколку минути — следи го туторијалот за API клуч.
Дали ми треба сметка?
Да. Бесплатна Дикто сметка ти треба за преземање и за најава во апликациите. Потребна е и бесплатна ElevenLabs сметка за твојот API клуч.

Престани да пишуваш.
Почни да зборуваш.

Преземи бесплатно

За Windows и Android · Со твој ElevenLabs API клуч